речник контакт

Застој за Задушница кон Св. Пантелејмон, кога и амбулантно возило не можеше да интервенира за итен случај

Бидејќи подолг период возилото не можеше да се придвижи од застојот, здравствените работници излегоа и пеш се упатија од местото, некаде кај мало Мегданче до црквата за да интервенираат

Петар Печков

Денес на пладне, гужва и застој во сообраќајот кои се случуваа на ул.Св. Кирил и Методиј, која води до црквата Св. Пантелејмон, беше со сериозен инцидент.

Имено околу 12ч. автомобил кој се спушташе од црквата кон центар, се расипал на удолницата, кај куќите на Зоц и Светозар Богдановски. Сопственикот повикал и шлеп служба која стигна преку ул. Славе Петков, од Којник преку Бузаана до местото каде беше расипаниот автомобил. За ова време се создаде огромна колона возила и од долу кон црквата и од црквата кон долу.

Тие што се упатија од црквата кон центар некако успеаја да се вратат преку Славе Петков да заминат. Расипаната кола која почна и да дими, за одредено време ја поправија мајстори. Во овој период стигна  и амбулантно возило на Итната помош, кое се упатило кон црквата, каде имало потреба од интервенција на погреб.  

Бидејќи подолг период возилото не можеше да се придвижи од застојот, здравствените работници излегоа и пеш се упатија од местото, некаде  кај мало Мегданче до црквата, по угорница  за да интервенираат.

По околу половина час, метежот се расчисти и сообраќајот се нормализира. Тогаш и дојде и полицијата за да го регулира сообраќајот. Застој на овој дел според мештаните  имало и околу 9ч. кога исто така се создал голем метеж и колони.  

Патем за Задушница вообичаено од кај училиштето Св. Кирил и Методиј до Св. Пантелејмон,  со години не се дозволува сообраќај за возила, годинава не беше така. Затоа пак кон црквата Св. Богородица имаше забрана за сообраќај, како што е случај  изминатите години.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »