Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 декември 2014
За четворица жители на населбата Градско им е изречена казна затвор од 22,5 години. Тие нападнале четворица бегалци Сиријци со земјоделски алатки при што им одзеле 325 евра, 700 денари и три мобилни телефони. Браќата Бурим Емини (33 год), Фадија Емини ( 28 год) , како и Иса Ука ( 44 год), Бејлур Мемиши (34 год) беа прогласени за виновни, откако ги признаа делата ,,противправно лишување од слобода“ и „разбојништво“ по што им беа изречени казни затвор од по 5 години и осум месеци.
Според обвинението настанот се случил на 17 септември годинава, нешто полноќ на железничката станица во населбата.
Четворица жители на Градско ги пресретнале емигрантите и заканувајќи им се со земјоделски алати кои им биле при рака, срп, коса и вила, насилно ги внеле во куќата на Бурим Емини каде ги држале околу еден час. Под закана од земјоделските алатки им одзеле пари и мобилни, по што ги избркале. Обвинетите изразија жалење за стореното, до правосилноста на пресудата остануваат во притвор .
Обвинетите за кривичното дело разбојништво добија по 5 и пол години затвор, додека за противправно лишување од слобода пет месеци или во една единствена пет години и осум месеци.
Tweet |