речник контакт

Затвор за велешанец оти ја силувал поранешната сопруга

Тој се бранел дека бившата му сопруга доброволно била со него

Петар Печков

Велешанецот А. А. е осуден на четири и пол години затвор за силување на поранешната сопруга и нејзино грабнување.  Тој беше прогласен за виновен во Основен суд Велес за две дела, силување за што доби 4 години два месеци и за  противправно лишување од слобода за што доби  11  месеци затвор, или во единствена казна од 4 години и шест месеци, пресудата е правосилна, Апелација ја потврдила.

 Настанот се случил на  29 јули  2014 година околу 18,30 часот,  кога во такси возило ја видел неговата поранешна сопруга. Тој исто така бил во автомобил а биле на бензинската кај семафорите. Се паркирал зад возилото во кое била оштетената, излегол од неговото возило, со влечење ја однел поранешната сопруга  од таксито до  неговото возило и со сила  ја внел иако  таа давала отпор.  

По ова А.А. заминал со автомобилот  кон Градско, запрел на нива и со сериозна закана по нејзиниот  животот и нејзините блиски ја  силувал. При тоа користел и дрвено секирче со закана дека ќе ја заколе  и тука во полето ќе ја закопа.  Обвинетиот го негира силувањето, тврдејќи дека тој со поранешната сопруга често се гледал и дека имале сексуални односи, исто како  што била критичната вечер.  

Судот ова тврдење го отфрли,  а како доказ во прилог на силувањето се снимките од бензинската каде се гледало како и на кој начин оштетената е изведена од таксито во автомобилот на нејзиниот поранешен сопруг. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »