речник контакт

Затвор за велешанец бидејќи пуштил во јавност снимка на секс со малолетничка

Обвинетиот е прогласен за виновен бидејќи го пуштил во јавноста видео клипот кој го снимил во 2006-тата година со тогаш 17 годишната Н.Н. од Велес.

Петар Печков

Годинаипол затвор за велешанец бидејќи преку интернет дистрибуирал порнографија со малолетничка.

Тој со видео камера се снимал додека имал сексуален однос со девојката и нејзината постара сестра, за да истиот клип во 2008-та година биде пуштен во јавноста.

Летото таа година овој клип беше вистински хит меѓу велешани а девојките по излегувањето на снимката во јавноста, останале и без работа, биле напуштени. Обвинетиот  се бранел дека во 2007-та година мобилниот му бил украден од непознат сторител, кој потоа го пронашол и го пуштил во јавноста клипот.

Но и покрај ваквата одбрана тој  не можел да докаже дека тогаш му бил украден мобилниот, туку во полиција грабежот на апаратот го пријавил  две години подоцна, во 2009-тата година. Поради ова судот го прогласи за виновен и му изрече казна затвор од 18 месеци, што е прва изречена во Македонија за ширење на малолетничка порнографија преку интернет.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »