речник контакт

Затвор за грк заради мобинг врз велешанка

На судењето не се појави ниту оштетената ниту сведоците

Петар Печков

Гркот Василис Гаргалас ( 43 год) условно е осуден заради мобинг на вработена на работно место, бидејќи ја навредувал и малтретирал. 

Тој летово во фабриката  Вемед која произведува медицинска пластика, работел како обучувач на машина. Во еден момент од обуката работничката С.С.  погледнала во правец на прозор кој ненадејно од промајата се затворил, по што  В.Г. ја фатил силно за раката и ја повлекол кон машината на која работела,  а потоа ја фатил за косата во пределот на тилот и почнал да и ја турка главата кон машината, во отворот со решетка а при тоа силно викал, ја пцуел и навредувал со зборовите „п....  ти м......, це те убијам“,„гамото мана“.„путана“  како и други зборови искажани на грчки јазик, кои не ги разбирала од што оштетената се исплашила се почуствувала навредена и понижена. 

Осудениот постапувал крајно  понижувачки за  човечкото достоинство и човековата личност, пишува во пресудата. Тој за ова негово дело е осуден на една година затвор, доколку во следните две не стори било какво друго кривично дело на територијата на Република Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »