Петар Печков
Објавено: четврток, 13 мај 2010
Тие се дел од групата, која полицијата ја фати во рамките на акцијата ,,Југ 2,, и беше осудена дека нелегално пренесувала странци преку Македонија. Јавното обвинителство ги обвини браќата Крстевски од Велес дека организирале група во која секој поединечно имала свои задолженија. Преку нелегални премини во Грција пренесувале албански државјани, но и Индијци и Кинези. Во оваа група беа фатени 21 лице.
Осудените, кои се од неколку градови во Македонија, во периодот од декември 2005 до мај 2006 во 14 наврати шверцувале во Грција над 100 албански државјани, за што тие добија помеѓу 18 месеци и 12 години затвор. Меѓу нив е и Рамадан Касамовски од велешкото село Бузалково, кој доби пет години затвор.
На емигрантите за оваа услуга им наплаќале до 800 евра за услугата. Поголем дел од обвинетите се таксисти кои албанските државјани со возила ги земале во струшко -дебарскиот регион. Оттаму преку Скопје ги носеле кон грчката граница, во близина на селото Удово.
Tweet |