Петар Печков
Објавено: среда, 22 јуни 2011
Четири години затвор во Основниот суд во Велес добија шестмина жители на велешкото село Иванковци за напад врз шумската полиција. Секој од шестмината селани доби поединечно по осум месеци затвор, бидејќи спречиле службени лица во вршење на службено дејствие.
Обвинетите на 27 јануари лани ја предводеле толпата селани, кои ја нападнале патролата на шумската полиција, која броела дваесетина лица и не дозволувале таа да го напуштат селото. Патролата влегла во дворното место на М.М. за одземање на поголемо количество на бесправно сечени и складирани дрва во куќата, за кои немало одобрение, дозвола за сеча.
По ова набргу дошла толпата предводена од шестмината обвинети, сите со стапови и мотки. Тие започнале да го нишаат џипот сакајќи да го превртат, се заканувале на шумските полицајци дека нема живи да излезат од селото, се со цел да не ги товарат дрвата и не им дозволувале да си заминат од селото, ако не ги остават дрвјата.
Шестмината предводници на толпата од селото Иванковци се прогласени за виновни и осудени на затвор.
Tweet |