речник контакт

Затвор за медицинска сестра која препродаваше метадон на зависници

Пресудата е правосилна и потврдена од Апелација. Осудената цело време молчела

Петар Печков

Верка Атанасовска (46 год) од Градско  е осудена на една година затвор оти препродавала метадон на зависници.  Таа  како медицинска сестра вработена во Медицински центар Велес беше осудена во Основен суд Велес  за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Анастасовска беше фетена на дело  на  12 октомври 2011  година во 15,20 часот на улица Благој Ѓорев во Велес   како продава метадон на лицето О.Ј. (31 год ) која е регистриран пациент во „Дневниот центар за зависници од дрога“.

Атанасовска  два месеци наназад  земала метадон од Дневниот центар и за пари го продавала на зависникот. Таа во истрага и на судењето се бранела со молење и не кажала ниту збор во своја одбрана. Пресудата е правосилна и потврдена од Апелација.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »