Петар Печков
Објавено: недела, 25 јули 2010
Велешанецот Аксел Муаремов ( 34 год) доби една година затвор откако е фатен како извршил четири кражби на домови на велешани.
Кражбите се случиле во октомври месец минатата година, четири ноќи по ред, при што од домовите на четири велешки семејства однел покуќнина, техничка стока, пари, мобилни во вкупна вредност од 60 илјади денари.
Тој беше обвинет за кривичното дело тешка кражба.
Tweet |