Петар Печков
Објавено: среда, 10 јануари 2018
Година и пол затвор доби Шазим Муртезанов ( 53 год) од Горно Јаболчиште бидејќи нестручно извршил приземјување на елеткро инсталација, по што подоцна починало момче. Тој во Основен суд Велес, беше прогласен за виновен за кривично дело ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,.
Муртезанов во периодот од 1 јануари 2013 година до 30-ти јуни 2013 година по договор со сопственикот на куќата Кадриев, ја уредувал ново соградената бања при што извршил спроведувањето и поврзувањето на водоводната и електричната инсталација вклучително и поврзувањето на санитарните елементи и електричните апарати во бањата.
Но при изведувањето и поврзувањето на електричната инсталација тоа го направил без заземјување. Како резултат на неговата работа на 30-ти јуни 2013-та додека се бањал, починал дваесет годишниот Беким Кадриев.
И покрај наредената обдукција врз телот на момчето, тоа не е дозволено од страна на неговите родители. Според документ од Итната помош, чиј лекар, кога било преземено момчето, констатирал смрт како последица на струен удар. Претходно, во овој процес Муртезанов доби условна затворска казна, која Апелација ја укина а во новото судење доби затворска ефеткивна казна.
Tweet |