Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 ноември 2009
Гоце Ѓоргиевски (27 год) жител на селото Извор велешко, доби четири месеци затвор бидејќи ја натепа сопругата која не била невина кога стапила во брак.
Основниот суд во Велес го прогласи за виновен за кривична приајва за телесни повреди затоа што на денот на крштевката на десетмесечниот син ја натепал сопругата, ги удирал сестраму и мајка му а го нападнал и зет му. Претходно тој го малтретирал и сводникот, кој за пари му ја донел невестата од Албанија, бидјеќи таа не била девица. Настанот се случил на 23 август кога Гоце Ѓоргиевски седел во дворот на семејната куќа и во алкохолизирана состојба почнал да ја навредува сопругата В.Ѓ. државјанка на Албанија, бидејќи кога таа стапила во брак со него не била невина.
Тој од истата причина жена му ја малтретил една година откако се во брак а кулминација била кога требало да се крштева бебето. Пијаниот сопруг критичниот ден почнал да ја тепа сопругата пред неговата фамилија, при што со тврд метален предмет ја удрил во глава па се стрчале да и помогнат на снаата присутните, свекрвата и јатврата. Но и тие, мајка му и сестра му биле натепани а зетот бил нападнат по што била повикана полиција. По овој настан сопругата го земала синот си заминала дома, во Албанија.

Tweet |