Петар Печков
Објавено: вторник, 14 јуни 2016
Случаите на силување на двајца малолетници, од нивни врсници кои се случија во велешкиот Воспитно поправен дом, истурено одделение на Тетовскиот затвор добија судска разрешница. Во едниот случај е изречена мерка затвор а во вториот изречени се воспитно поправни мерки, за еден малолетни се уште не е завршено судењето.
За силување кое се случи на 19 мај 2014-та година, во кое учествуваа четворица малолетници, кои силуваа 16 годишно момче, нивен врсник за трите сторители на кривичното дело силување, изречени се воспитни мерки упатување во Воспитно- поправен дом. За четвртото момче се уште е во тек процесот и од Велешкото Јавно обвинителство велат дека не е довршена подготвителната постапка пред судија за деца.
За силувањето кое се случи во истиот затвор за малолетници во близината на Велес, на 24 август 2014-та година, кога малолетникот бил силуван од малолетник кој лежи затвор за силување, сторителот доби казна затвор за малолетници во траење од три години. Тоа доби три години затвор за дете а висината на казната е поради тоа што претходно е осуден и лежел затвор за исто кривично дело, силување.
Првиот случај на групно силување, беше обелоденет неколку месеци подоцна, оти настанот дежурниот во домот не го пријавил, туку го прикрил. Не го однел 16 годишното момче ниту на лекар, згора на тоа детето било оставено заедно да престојува во соба со врсниците кои се изживувале врз него. По две недели, малолетникот успеал некако писмено да го информира Народниот правобранител. Кога нивен претставник дошол таму да ги испита случајот, силуваното дете било во очајна состојба, преплашено и усрамено.
Дури тогаш детето било пренесено во друга просторија, да биде со други врсници. По ова ОЈО Велес поднесе Обвинителен предлог против раководителот на Секторот за обезбедување – заповедник во Воспитно – поправниот дом Тетово – одделение во Велес, за сторено кривично дело Несовесно вршење на службата. Живко Андоновски, доби алтернативна казна затвор од една година, доколку во следните три не стори ново кривично дело.
Тој го призна делото за кое се товараше по што му беше изречена оваа казна. Но тука не заврши тажната приказна од велешкиот Сив дом Едно од трите момчиња кои го сториле силувањето врз исто така затвореник а доби воспитна мерка упатување во Воспитно- поправен дом, претходно доби затворска казна, две години затвор за деца оти се обиде да го убие домскиот доктор во казнено поправниот дом во Велес.
Настанот се случи на 25 јануари 2015 година, кога малолетникот побарал да биде однесен на лекарски преглед заради главоболка. Во лекарската соба тој најпрвин со дрзок и висок тон се обратил кон лекарот, потоа ја турнал масата меѓу нив и се обидел да го удри, во што го спречиле надзорниците. Подоцна, од трпезаријата тогаш 16-годишникот зел два ножа и повторно влегол во лекарската соба со вербални закани кон лекарот дека ќе го убие, а притоа повторно го спречиле присутните надзорници.
Поради бројните пропусти и бегства кои се случија во овој затвор за малолетници кој велешани го нарекоа ,,Сивиот дом,, и по реакциите на јавноста, тој беше затворен и реновиран. Од пред некоја седмица во него се префрлени 40-тина осуденици од затворот од Идризово.
Tweet |