Петар Печков
Објавено: среда, 17 февруари 2010
Васил Зафирчев по двегодишна пауза се враќа на театарската сцена, толкувајќи ја главната ролја на Диноис во претставата ,,Баханалии ,, на Горан Стефановски а во режија на Наташа Поплавска. Еден месец тој повторно со колегите актери во велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, го чувствува ритамот на театарското живеење.
- Станува збор за исклучително модрен, курентен, современ режисерски концепт на тотален театар, на одличен текст на Стефановски, кој е мошне актуелен во тоа што се наши современи општествено –политички случувања. Театарската претстава ќе изобилува со актерска игра, со танц, музика, со оригинален автентичен коцнепт, така што одлично ќе ми легне по актерската пауза – изјави Васил Зафирчев. Претставата пред публиката премеирно ќе биде претставена во средината на март а со неа театарот еќ учевстува и на годинешниот фестивал на античка драма ,,Стоби ,, . Тој потсетува дека причините за паузата од театарот не биле поврзани за природата на неговата професија, туку од лични, приватни мотиви. Во тој период патиштата помеѓу него и сопругата Калиопи ги раздвоиле, тој со театарот овде во Македонија, таа со музиката надвор со гостувања, поради што се решил да помогне во етаблирањето на Калиопи како Балканска поп ѕвезда. Откако во тоа усепал, сега се враќа во театарот. Периодот додека отсуствуваше тој се посветил на ангажманот како уметнички директор на ,,Калиопи мјузик продукција,,
- Овие две години работев на ангажмани во ,,КМП,, за освојување на пазар надвор од Македонија од 25 милиони луѓе, за Србија, Босна ,за Црна Гора и за Хрватска. Успеавме во тие наши настојувања и логично беше да се вратам на мојата прва љубов, тоа што го студирав, тоа е театарот и театарската игра – вели Зафирчев. Враќањето му се случи во двојна улога, како актер но и како програмски и уметнички директор на Велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константниов Џинот,, функција која ја доби од почетокот на годинава. Тоа било неочекувано, иницијатива која е резултат на потребата на новиот театар кој се гради во Велес. Како цели од новото работно место, Зафирчев си ги поставил подигнување на стандардите на работата но и формирање на младинска сцена.
- Новата театарска зграда ќе нуди нови содржини, освен континуиран театар, завесата да се дига секоај вечер, што е природно и можно, бидјеќи нема да се случуваат само театарски претстави. Ќе имаме гостување на балет, оепра, коцнерти на пзонати музички ѕвезди. Театарот ќе стане културно одредиште на велешани, но и на публиката во регионот.Иако имав понуди за програмски и уметнички директор во други театри, се решив за Велес бидејќи тоа му го должам нему, каде што започнав да глумам, ги остварив моите најголеми актерски ролји – вели Зафирчев. Освен во ,,Баханалии,, тој ќе настапи и во две постари претстави кои се обновуваат и беа хит меѓу велешката публика а во кои настапуваше Зафирчев „Стрип Шескпир“ која ќе добие редизајнирано осовременето издание и дуо драмата „Во самотијата на памучните полиња“ каде игра со Зоран Љутков. Во план е обнова и на ,,Дон Жуан,, која во велешкиот театр имаше само три играња. Тој ќе продолжи и со помагањето на работата во ,,КМП,, и креирањето на новите проекти. Активно учествува во создавањето новиот поп албум на Калиопи, на 24-ти фебруари е големиот концерт на Калиопи во рамките на манифестацијата ,,Сараевска зима,, како и продлжува со промоција на албумот ,,Обливион,, на Калиопи и Един Карамазов во Белград, Цетиње и Љубљана.
Tweet |