Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 мај 2023
Вечерва, понеделник, во Белград актерот Васил Зафирчев ќе настапи со неговиот соло буто перформанс „Дневникот на хулиганот“.
Тој е учесник на третиот меѓународен фестивал на соло во престолнината на Србија, фестивал на кореографија, перформанс, фотографија. Зафрчев ќе настапи со почеток од 19 ч. на сцената на Студентскиот културен центар.
Веднаш потоа Народниот театар „Јордан Х. К. Џинот“ ќе настапи со танц театарската претстава "Петтото годишно време" во која настапува Олга Панго. И двете престави се работени по истоимените книги на Сашо Димоски.
На Фестивалот нa солото во Белград, настапуваат уметници и од Хрватска, Австрија, Србија, Унгарија, Франција.
Зафирчев со „Дневникот на хулиганот “ има настапено и на Фестивалот во Благоевград Бугарија.
Tweet |