речник контакт

Зголемен бројот на оперативни зафати реализирани во велешка болница лани

Воведени импланти на вештачки колкови и колена

Петар Печков

Бројот на оперативни зафати во Општа болница Велес лани е зголемен за 14 отсто споредено со претходната. Или во бројки 876 хируршки интервенции во 2023 година, за сто повеќе однос на 2022 кога биле извршени 776. Здравствените услуги кои е можно да се реализираат во болницата, даваат можност, пациенти да не користат услуги од болници во други градови.  

„Најголем дел од  оперативните интервенции се извршени во делот на ортопедијата и трауматологијата, во областа на ендопротетика на колкови и колена. Со тоа заврши  потребата пациентите со фрактура на колк да бараат помош во Скопје или Охрид. Се изведуваат  оперативни интервенции на фрактури на проксимален фемур и операции на фрактури по најсовремени методи, како и оперативни интервенции од областа на урологија, хирургија и дигестивна хирургија. Овој тренд на зголемен обем на пружање здравствени услуги од овој вид ќе продолжи и годинава, со само една цел,што е можно помал број на пациенти да бараат помош во други здравствени институции, во други градови“ - кажа Марина Андова портпарол на Општа болница Велес.

Ендоспкопските методи на оперативен зафат во абдоменалната и уролошката хирургија, се застапени во повисок процент од претходно. 

Овие оперативни зафати се извршени во три оперативни сали во оперативниот блок, каде се  извршуваат оперативни интервенции од хирургија,  урологија,  ортопедија и трауматологија.   

Во 2023 година се извршени 215 гинеколошко - акушерски хируршки интервенции, 15 повеќе од претходната 2022 година.

На акушерското имаат осетно намалена работа. Лани -2023 година имало 300 родени бебиња, што е за 83 помалку од 2022 година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »