Петар Печков
Објавено: среда, 07 септември 2022
Ланската 2021 во однос на катастрофалната 2020 поради ковид пандемијата, бележи раст на бројот на туристите кои престојувале во Велес, но тоа е помалку отколку во 2019-та и годините пред тоа.
Во 12 месеци од минатата година во хотелските објекти во градот престојувале 6.783 туристи кои оствариле 10.242 ноќевања или престојувале по ден и половина во просек.
Најмногу гости имало во Велес во текот на летните месеци, што зборува дека најголемиот број од нив се транзитни туристи, кои на минување од или на враќање од одмор во Грција престојуваат во Велес.
Колку за илустрација во 2020-та во Велес имало 2.973 туристи кои оствариле 4.114 ноќевања или 1,4 дена.
Минатата година во хотелите од градот престојувале 2.801 домашен турист со 3.748 ноќевања и 3.982 странски со 6.494 ноќевања.
Најбројни и натаму се туристите од Србија 1.468 со 1.776 ноќевања или нешто повеќе од еден ден ноќевања, што зборува дека тоа се транзитни туристи. По нив се гостите од Унгарија 471 со 481 ноќевање, трети се Романците 314 со 528 ноќевања, сите од нив се транзитни гости, па Германците со 311 гости и 687 ноќевања, кои претходните години беа втори на листата. Во подем е и бројот на гости од Полска, транзитни туристи на минување низ Велес.
Според бројот на престој по денови, најмногу по 6 престојувале државјаните на САД 57 лица имале 341 ноќевање. По нив следат туристите од Италија со 2,7 дена, па Грција со 2,4 , Шпанија со 2,3 и Германија 2,2 дена. Туристите кои доаѓаат од Италија, Грција и Шпанија се ловџии кои дошле на лов во велешко.
Минатата година во Општина Чашка, во двата планинарски дома Папрадиште и Чеплес престојувале 692 гости со 392 ноќевања или 1,8 дена во просек. Од нив домашни се 475 а странци 17. Тие оствариле 664 ноќевања - домашните гости и 28 странските.
При презентирањето на анализата да се објави дека таа е изработена од порталот Тирековмирече
Во текстот се користени бројки од Заводот за статистика на Република Северна Македонија
Tweet |