Петар Печков
Објавено: петок, 05 август 2022
Зголемен е интересот за вакцинацијата во Велес, против ковид, откако започна да се аплицира четврта доза. За еден месец во вакциналниот пункт во Здравствен дом, околу 400 пациенти од велешко, примиле вакцина, во најголем број четврта доза.
„Четврта доза најмногу интерес има кај лицата над 60 годишна возраст, иако последните две седмици таа граница се симна и до 40 години. Далеку помал е интересот за прва и втора доза вакцина. Од оваа седмица започнавме да аплицираме и вакцина „Модерна“, заедно со Фајзер“. За прва и втора доза ако има интерес има мало количество од кинеската „Синовак“ - кажа д-р- Марина Тодоровска, координатор на вакцинален пункт во Велес.
Последната седмица се забележува опаѓање на бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко, изнесува 127 а претходно беше и до 170 лица. Во велешка Болница хоспитализирани се 11 пациенти, а тројца од нив се на невропсихијатрија, четворица се на кислородна поддршка.
Од болничко згрижените ковид пациенти, освен од Велес има и од Кавадарци, Неготино и Градско. Вакциналниот пункт во Здравен дом работи секој работен ден до 8 до 13ч.
Tweet |