Петар Печков
Објавено: петок, 10 април 2020
Зголемен термин на полицискиот час а намален број на лица од велешко, кои не го почитуваат. Според податоците добиени од портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, во текот на вчера попладне од 16 ч. до утрово до 5ч. само едно лице го прекршило полицискиот час, додека првиот ден од зголеменото времетраење, средата кон четвртокот полицијата не регистрирала ниту еден случај во велешко.
Портпаролот Додевски ја соопшти и бројкита на лица кои во велешко се во самоизолација, вчера биле 12 а ден претходно 25.
Велешкото обвинителство преку соопштение информираше дека побарала парични казни за седум лица.
Обвинетите во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час без дозвола, пеш или со возила се движеле низ градот- пишува во информацијата на ОЈО Велес.
За обвинетите, обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот да им изрече парични казни во износ од по 40 дневни глоби, секоја од нив висина од по 20 евра во денарска противвредност.
фото: Славче Конуков
Tweet |