Петар Печков
Објавено: четврток, 24 март 2022
Апелациониот суд од Скопје ја зголеми затворската казна на обвинетите за кривичното дело „убиство“, за Марина (52 год) и Иле (23 год) Трајковски од велешко Долно Караслари.
Според обвинението, сопругата Марина и Синот Иле со умисла го убиле таткото и сопруг Зоран Трајковски. Делото беше сторено на верскиот празник Водици, на 19-ти јануари 2020-та година во нивниот дом. Во Основен суд Велес им беше изречена казна од по девет години затвор за двајцата обвинети.
Во моментот кога го сториле делото, обвинетите била пресметливи, покажало вештачењето на докторите. Од вештачењето на судска медицина, докажано е дека Зоран Трајковски починал од задушување, обдукцијата констатирала повреди на нос, горна усна, крвни подливи долу од очите и повреди на внатрешниот дел од главата, на тилот.
И Иле и Марина Трајковски негираа дека се сторители на убиството за кое се обвинети.
Tweet |