Петар Печков
Објавено: петок, 03 јули 2026
Просечна потрошувачка на вода во изминатите месеци во Велес е во пораст. Ако во април била 167л/сек, во мај - 176л/сек а изминатиот месец јуни стигнале до 203л/сек.
Ова е одговорот од ЈКП Дервен на поставеното прашање за колкава е потрошувачката на вода во домаќинствата во велешко. Но од ова јавно претпријатие кое го снабдува Велес со квалитетна вода за пиење потсетуваат дека е потребно таа да се троши рационално и одговорно.
„Имајќи во предвид дека водата за пиење претставува скапоцен ресурс и дека треба рационално и одговорно да се троши, апелираме до нашите корисници да не ја користат водата што е наменета за пиење за наводнување на земјоделските култури затоа што капацитетот на резервоарите за вода од водоснабдителниот систем не е предвиден за наводнување на земјоделски култури туку единствено за пиење и за потребите на домаќинствата и доколку водата за пиење се троши ненаменски, особено во руралните средини, се јавува недостиг од вода за домаќинствата“ – потсетуваат од ЈКП Дервен.
| Tweet |




