речник контакт

Зградата на Инфективно одделение од Велешка болница без греење, додека модуларната болница е празна и неискористена

На Инфективното одделение се сместуваат пациенти кои се позитивни на ковид-19, не само од Велес туку и од Повардарјето, Неготино, Кавадарци, Демир Капија и Свети Николе.

Петар Печков

Проблемот со греењето во  Инфективното одделение при Велешката Општа Болница  е стар и истиот се провлекува повеќе години.

Состојбата е проблематична посебно коа ќе се спуштат надворешните температури, објаснуваат од болницата, по реакциите дека пациентите се во ладни соби каде температурата е ниска и иста како надворешната.

И наместо со греење, се користат повеќе ќебиња  пациентите да се стоплат, па поради тоа некои од нив и заминуваат дома, наместо да останат да лежат.

„Зградата на Инфективното одделение е стара а со неа и инфраструктурата и инсталацијата.  Поради тоа топлината која се дистрибуира до зградата попатно се губи и просторите се ладни. Дограмата во зградата е стара.  Не смее да се користат дополнителни грејни тела, бидејќи таму има боци со кислород и  има опасност по околината и безбедноста.  Беше предвидено и имаше обезбедено средства за да се  започне со реконструкција на зградата во пролетта 2020-та година, но поради корона пандемијата целиот проект остана не реализиран“ - соопштија од болницата во Велес.

Додаваат дека побарале од надлежните во Министерството за здравство да им се предаде монтажната болница за користење и сместување на пациенти, но одговор не добиле. Сега таа стои празна и неискористена. 

Во Инфективното одделение се сместуваат пациенти кои се позитивни на ковид-19, не само од Велес туку и од Повардарјето, Неготино, Кавадарци, Демир Капија и Свети Николе.  Таму моментално лежат двајца пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »