речник контакт

Зградата на Општина, стара и нефункционална

Зградата на државните институции кои работат во Велес, позната како Општината е пример за нефункционалност и застареност

Петар Печков

Зградата на  државните институции  кои работат во Велес, а се сместени во еден објект кај велешани познат како ,,општината,, е пример за нефункционалност и застареност. Таа е изградена во почетокот на 60-тите години од минатиот век и со тогашните нормативи ги задоволувала барањата, но денес ги надминува времето и потребите на корисниците. Иако на пет ката таа нема лифт, па граѓаните мораат да се качуваат до државните службеници, ако претходно не се заморат.  Најтешко им е на земјоделците бидејќи на највисокиот кат се сместени токму канцелариите на ова министерство и сродните агенции.       

Ни ја тестираат физичката подготвеност, како поинаку да е протолкува тоа што просториите се на петти кат. Точно е дека сме земјоделци и работиме со земја, ама напорно е да се искачат стотина скалила. Па кога е во прашање некаква акција на надлежните и потребно е лично присуство, нема место каде да не собере во ходникот – вели Стојан  Андреев.

Таква мака имаа и граѓаните кога на четврти кат беше Министерството за транспорт и врски, чии простории сега ги користи локалната власт на Општина Велес. Но таа најде решение за велешани да не шетаат по зградата. Наместо граѓаните да се качуваат, службениците се симнуваат до

Зградата е нефункционална, времето и годините ја прегазиле. Затоа ние како локална власт им дадовме можност на нашите корисници, ако имаат било какво проблем, тогаш нашите вработени ќе се симнат, без оглед од кој кат работат, доле во просториите на Граѓанскиот сервис и таму да бидат да ги дадат неопходните информации – изјави Горан Петров, градоначалник на Велес.

Локалната власт управува со дел од зградата, половина од неа. Иако на приземјето просториите на Катастарот се премали за да ги задоволи барањата на граѓаните кои во последните две години се зголемени.

На не повеќе од пет квадрати мораме да чекаме со часови и денови за да ги добиеме неопходните документи. Ако оваа институција два услуги на 50 илјади луѓе, тогаш потребно е да се обезбеди и поголем простор – вели Милан Димов, велешанец кој се пожали на малиот и тесен простор кој Катастарот го има за странките.

За нефункционалната зграда сведочат и прозорците  кои откако се поставени не  се отворени, во зградата во Велес каде е вдомена државната администрација. Не е познато кој е авторот на овој ,,генијален,, изум но се знае дека прозорите до скалите во зградата каде се смeстени Подрачните единици на Министерствата, кај граѓаните на Велес позната како ,,општината,, не се отворени откако таа  педесетина  години е изградена. Едноставно тие така се поставени што физички е невозможно да се отворат бидејќи простор нема,  залепени  се до самите скалила па така обидот на хигиеничарите со децении прозорите да бидат чистени од надвор е неуспешен. Така од отворањето на зградата на нив е налепена прашина која е таложена со децении. А не е извесно ниту кога ќе можат да се отворат, бидејќи за тоа да се случи ќе треба да се рушат скалите.

Би било добро кога овие неколку државни институции кои тука се  сместени да им се најде друг простор. Ако Владата со многу документи работи на подбора пристапност до граѓаните, не е лошо тоа да го практикува и со локацијата на нејзините служби – велат велешани кои со години ја имаат истата мака, добивање на потребни документи кое тесно е поврзано со физичката кондиција и издржливоста.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »