речник контакт

Згрижени 60 стари лица од Велес

Проектот е на општинскиот Црвен крст

Петар Печков

Во градот Велес има 60 стари лица, кои се згрижени преку проектот,, Помош за стари лица во домашни услови“. Тој се реализира неколку години со помош на волонтерите на Општинскиот Црвен крст.  Два пети неделно, волонтер и медицинска сестра посетуваат старо лице  во неговиот дом.

Волонтерот му помага на корисникот со купување на неопходни намирници, одат до  матичен лекар да препишат потребни  лекарства кои потоа ги купуваат во  аптека,  одат на  прошетки со корисниците, расчистуваат по  дома, фрлаат смет. Медицинските сестри пак се грижат за здравјето, е мерат крвен притисок, мерат  ниво на шеќер  во крвта. Така им го збогатуваме социјалниот живот, психо-социјалната поддршка, ги вклучувме во работилници - вели Ангел Јорданов од ОО на Црвен  Крст  Велес.    

 Кај корисниците проектот е одлично примен и постои голем интерес за  негово проширување а во Велес  се реализира пет години.  Идентичен проект се работи и во Скопје и Крива  Паланка а е финансиски  помогнат од Австрискиот Црвен Крст и ЕВН Македонија. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »