Петар Печков
Објавено: петок, 10 мај 2024
Државната изборна комисија (ДИК) доцна синоќа ги објави официјални резултати за парламентарните избори но не и конечни, оти партиите имаат можност да вложат жалби на изборниот процес.
Резултатите од гласањето за парламентарните избори во Изборната единица 3, покажа дека во идниот состав на републичкиот парламент ќе има двајца пратеници. И двајцата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се Игор Здравковски кој беше на позиција 4 и Александар Јамалов кој беше на позиција 11.
Оваа коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ3 освои 14 места. Останатите 6 им припаднаа на СДСМ 4, и Левица и ЗНАМ по едно. На овие позиции, кои носат влез во парламентот, немаше кандидати кои беа од Велес, освен Здравковски и Јамалов.
Така по 1998-2002 кога СДСМ беше без пратеник а од Велес беа до ВМРО-ДПМНЕ Горан Лазов, Марија Јорданова и Наталија Марковиќ Димова од Демократска Алтернатива.
Во овој состав од Изборна единица 1, во парламентот влегува велешанецот Димитар Апасиев од Левица, носител на листата и претседател на партијата. Од оваа изборна единица ИЕ3 влегуваат и Љупчо Димовски од Социјалистичката партија и Љупчо Пренџов, кои беа на листата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на 4 и 8 позиција. И тројцата работат и живеат во Скопје.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ3 освои 58,29%, коалицијата на СДСМ 20,29%, Левица 8,09% и ЗНАМ 5,69%. Ова се податоци по сите изброени избирачки места.
Во Општина Велес за сите 84 изброени избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ освои 54,80% гласови, СДСМ 17,07, Левица 15,03% ЗНАМ 4,12%.
Во Општина Градско од сите 11 изброени избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ освои 67,46% гласови, СДСМ 20,17%, Левица 4% 1,8%.
Во Општина Лозово од сите 9 изброени избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ освои 61,35% гласови, СДСМ 18,38%, Левица 6,91% ЗНАМ 5,54%.
Tweet |