Петар Печков
Објавено: петок, 19 април 2019
И ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, го одржа завршниот прес во пресрет на изборниот молк и неделните претседателски избори. Тие посочија дека изборот е сериозен предизвик. Повикаа граѓаните масовно да излезат и да го заокружат бројот 2, оти ,,татковината не повикувала,,.
Пред да го направите изборот на 21-ви април, прашајте се дали е ова земјата во која сакате да живеат Вашите деца. Дали од актуелната власт можете да очекувате подобро и дали ќе ги исполнат нивните ветувања. Дали смееме апсолутната власт да ја препуштиме на овие луѓе, кои за две години го урнаа сонот на гемиџиите, илинденците и партизаните. Партија која е стерилна за реформи и сервилна за соседите. ВМРО-ДПМНЕ како партија нуди кандидат, кој е истакнат борец и критичар на сите негативни случувања во земјава во изминатите дваесетина години. Тоа е професорот Гордана Силјановска Давкова, жена која се залага за правда, правдина, реформи. Ве повикуваме недела заеднички да ја замениме неправдата со правдина, да ја избереме претседателката на никогаш Северна, туку Република Македонија - изјави Игор Здравковски претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Велес.
Tweet |