Петар Печков
Објавено: петок, 01 февруари 2019
Прес конференцијата на министерот за образование Арбен Адеми на која реплика имаше градоначалникот на Велес Аце Коцевски, одржана поред некој дена, во однос на двојазичноста, беше тема на прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес. За нив градоначалникот Коцевски глумел загриженост.
Вие како една од клучните политички фигури во градот, бевте свесен што носи изгласувањето на Законот за употреба на јазиците, за кој гласаше и пратеникот Панче Иванов. Додека организиравте парадоксални самоуништувачки забави во Младински парк, затскривајќи се зад евро интеграциите бевте свесен која е цената која треба да ја плати народот. Двојазичноста сте ја ветувале при посетите на Бузалково и Сливник, како ние како партија укажувавме дека ќе се уназади комуникацијата и односите помеѓу Албанците и Македонците, кои соработуваат одлично. Унапредување на односите се прави со инвестиции, со градење инфраструктура . Сте ветувале а сега нема место за глумење и лутење, посебно не од совесен и пресметлив човек како Вас - рече Игор Здравковски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес.
Според него народот го завртел грбот на власта за што како доказ го посочи референдумот и излезноста, која за Велес била 27 отсто од гласачите. Со оваа реакција на Коцевски на прес конференцијата со министерот Адеми, Здравковски гледа како обид на велешкиот градоначалник да го подигне паднатиот рејтинг. Тој на Коцевски му понуди помош.
Можеме да ви понудиме македонско- албански речник кој ќе ви послужи во натамошната комуникација. Можете учејќи да ги избегнете казните од пет илјади евра за неговорење на официјалниот јазик на нашата држава - заврши Здравковски.
На ова прес конференција одговори градоначалникот Коцески, за кого таа повеќе личела на хумористичната емисија Хихурику отколку на сериозна прес конференција.
За настанот за кој говори младиот господин, реагирав искрено, без глума и бев максимално сериозен. Мојата реакција беше внимателна и на соодветен начин. Го разбирам правото на министрите, пратениците да се обраќаат на нивен мајчин јазик. Доколку на тие средби присуствуваат лица на кои албанскиот не им е мајчин јазик, организаторот на прес конференцијата е должен да обезбеди превод. Мојата реакција беше зошто нема превод на македонски јазик. Се поставуваа прашања за Гимназијата, за наставата од новинарите на албански јазик, министерот одговори на албански јазик и до тука немам замерки. Но немаше кој тоа да го преведе и не беше коректно ниту кон мене, ниту кон градоначалникот на Чашка, ниту кон новинарите кои информираат на македонски јазик. Јас така настапив а како го разбрал Здравковски тоа е негов работа - рече Коцевски.
Tweet |