Петар Печков
Објавено: петок, 14 февруари 2020
Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски на прес конференција на опозицијата зборуваше за правата од социјална заштита и според него лажни биле тврдењата дека таа е зголемена. Според него реалноста била спротивна од тоа што СДСМ го говорат.
Со Законот за социјална заштита од 2019 година, износот на ниту едно право на парична помош од социјална заштита што предходно се користело не е покачен. Вистината е дека со овој закон некои права целосно се укинаа (како што се правата на мобилност, слепило и глувост, правото на паричен додаток за студирање на децата без родители и без родителска грижа), некои само се преименуваа (како што е постојаната парична помош за стари лица над 65 годишна возраст која стана социјална пензија), а некои се останати исти, но се намали висината на правото.
Максималната помош што сите членови на семејство со социјален ризик можат да ја остварат е 12.000 денари, но речиси и да нема таков корисник. Со стариот Закон за социјална заштита немаше ограничување на горната граница на износот на социјалните права и секој граѓанин ги користеше сите предвидени права ако ги исполнуваше условите пропишани со законот.
Дополнително, во делот на СПП (социјална парична помош), корисниците претходно земаа додаток за електрична енергија, додаток за средно образование на децата на корисниците на СПП, и кога сето тоа ќе се ставеше во едно купче, се добиваше сума некогаш и поголема од 12000 денари.
Сега, сите овие права се влезени под едно право - право на СПП и вкупниот збир на средства е ист. Вистина е, дека правата се укинуваат, износите на постоечките права се намалуваат, а граѓаните се дискриминираат преку воведување на апсурдни критериуми за остварување на истите - кажа Здравковски.
Tweet |