речник контакт

Здравковски- на собирот вчера се слушнаа лажни ветувања

ОК ВМРО-ДПМНЕ реагира и за случај објавен на социјалните мрежи, во кој наводно е вклучен и полицискиот началник на СВР Велес

Петар Печков

На вчерашниот собир  ,,Излези ЗА европска Македонија,, се изнесоа еден куп лаги и невистини, кажа претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Игор  Здравковски на денешната прес конференција.  

Затскривањето зад ЕУ, СДС и нејзините коалициони партнери   сакаат да го протуркаат нивниот договор со Грција на мала врата. Дали со овој референдум сакаат да си прикријат своите криминали. Со ваква економија, со раст  од 0,1% со ваква локална политика каде криминацките ги држат сите конци во рака. Секојдневно се задолжуваме а ни ветуваат дека ќе добиваме по 260 илјади евра дневно, нашите задолжувања се поголеми од овие донации на ЕУ. Прават споредби со Романија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, каде граѓаните по природен пат се иселија и на тој намален број население кажуваат дека има намалена невработеност во овие држави.   Доаѓа премиерката на Велика Британија Тереза Меј, држава  чии граѓани се решија да излезат од У и Андреас Курц канцеларот на Австрија, држава која не е членка не ЕУ. Не убедуваат во нешто во кое што и самите не веруваат. Цела ЕУ дојде да ни каже да се самоукинеме. Само со работа можеме да напредуваме, само во нашите глави е напредокот, никако во промената на името ниту во прифаќањето на поразителниот договор со Грција.

На крајот од прес конференцијата Здравковски праша каде е пратеникот Панче Иванов и зошто тој вчера не зборувал на собирот побара одговор каде оди државата.  Потсети дека ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била за ЕУ и НАТО а со договорот со Грција самите сме потпишувале капитулација.

Претходно на друга прес конференција ОК на ВМРО-ДПМНЕ реагираше за настан кој беше споделен на социјалните мрежи, кога наводно полицискиот началник реагирал зошто е сопрен негов близок пријател, кој не ги почитувал сообраќајните правила а полицискиот службеник кој во извршил дејствието бил  омаловажуван. 

-Министре Спасовски до кога локалните шерифи ќе можат да прават што сакаат во градот? Началникот на СВР Велес се заканува на вработена во МВР при вршење на службена должност само затоа што се обидела да легитимира негов пријател. Министре, ова се случуваше во центарот на Велес пред очите на многубројни граѓани.  Дали против лицето кое беше споменато со иницијали во пост на социјалните мрежи е поднесена пријава и доколку не, зошто не е поднесена пријава за омаловажување на полициски службеник? Прашуваме кого штити началникот на СВР Велес? Своите вработени кои си ги вршат своите должности професионално или локалните шерифи кои во него гледаат сојузник само затоа што го имаат за пријател и треба да бидат заштитени и над Законот? Ја повикуваме и Внатрешната контрола во МВР со соопштение да ја запознае јавноста за превземените мерки - реагираат од ОК ВМРО-ДПМНЕ од Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »