Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 февруари 2022
Дијагностичка лабораторија при Здравствен дом Велес доби два нови современи апарати за испитување на крвта од пациентите. Набавени се биохемиски анализатор на Биотек - Бекман - Кутер и имуно анализатор на Снајп, кои се веќе три месеци во функција.
„Со биохемискиот анализатор се работатат секојдневни ЛУ-1 упат, проверки на крвта, пациенти кои се испраќаат од матичните доктори. Тука спаѓаат гликоза,холестерол, креатинин, три глицериди, уреа, АЛТ, АСТ, железо. Се работат и три месечен шеќер, ЦРП, дидемери, ЛДХ, били рубини, албумени, протеини , вкупен калциум, што досега не бевме во можност да ги работиме. Овој апарат многу брзо ги обезбедува резултати, работи со 800 анализи за еден час. Бидејќи работата е многу зголемена, овој апарат е добредојден“ кажа д-р Светлана Црнушева специјалист по медицинска биохемија, раководител на лабораторијата.
Во оваа лабораторија се извршуваат проверки за присуство на д-демер и це-ер-пе во крвта на позитивните со ковид-19, таа услуга не ја изршува повеќе лабораторијата од Општа Болница Велес.
„Со вториот апарат се мерат супстанци кои се во мала концентрација во крвта. Затоа се користи за мерење на тумор маркери, хормони и витамини. Овде можат да ги користат услугата сите пациенти кои се со ЛУ-2 упат. Со новиот апарат го работиме целиот тироиден статус како и антитироидни антитела. Тие сега не мора да патуваат до Скопје, можат и во Велес да ги добијат потребните наоди и резултати“- додаде д-р Црнушева.
Tweet |