Петар Печков
Објавено: петок, 07 февруари 2020
Изминатиот период се изврши санација и реконструкција на кровната конструкција на зградата на ЈЗУ Здравствен дом Велес. Овој зафат бил исклучително важен за нив како здравствена институција. Вкупно бил реконструирана површина од илјада метри квадратни а вредноста е шест милиони денари, средства обезбедени од сопствениот Буџет на установата.
Кровот беше во исклучително лоша состојба, прокиснуваше па проблем,и имаа и вработените и пациентите. При најмали врнежи имаше прокиснување во повеќе работни простории . Освен тоа покривот беше направен од опасен канцероген азбестен материјал, кој предизвикува сериозни поледици по здравјето. Затоа кровната површина ја реконструиравме со материјали кои обезбедуваат водонепропусливост и имаа топлинска и звучна изолација - кажа Николче Димовски директор на ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Освен кровот на зградата бил реконструиран и кровот на гаражите и на помошните простории. При тоа е создадена и нова просторија од 50-тина квадратни метри, која се планира за сала за состаноци и за патронажните сестри.
Од почетокот на годинава ЈЗУ Здравствен дом ги доби двете возила, јапонска донација наменети за итната служба. Тие се марка ,,дачија оџи,,.
Одговарајќи на новинарско прашање, каква е екипираноста на службата на итна помош, која е најекспонирана во работата на оваа здравствена институција, директорот Димовски објасни дека имаат 11 тима а се планираат и нови вработувања.
Изминатиот период вработивме пет доктори во итната медицинска помош, и обезбедивме 13 тима, кои се доволни за теренот на Општина Велес, во кој влегуваат и општините Градско и Чашка. Една докторка моментално е на неплатен одмор а една премина на работа во ЈЗУ Општа Болница Велес. Така имаме 11 тима, кои се доволно. Имаме одобрение од Министерството за распишување на конкурси за четворица доктори, пет медицински сестри и еден возач. Но поради предизборниот процес, тоа ќе го сториме потоа - дополни Димовски.
Tweet |