речник контакт

Здравствени прегледи за пензионерите од Велес

Бесплатно се мерел крвен притисок и ниво на шеќер

Петар Печков

Во Здружението на пензионери во Велес се одржа активност со која се извршија бесплатни прегледи за мерење на крвен притисок и ниво на шеќер во крвта кај лицата од трето доба.

„На бесплатните прегледи во Здружението на пензионери дојдоа 60-тина лица. Освен преглед тие добија и совети за своето здравје“ - соопшти Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес.

Активноста ја реализирала д-р Марија Пачемска, а биле вклучени волонтери од Општинската организација на Црвен крст Велес.

фото ФБ/ Црвен крст Велес

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »