Петар Печков
Објавено: петок, 07 април 2023
Здравствените систематски прегледи за идните првачиња, деца родени 2017-та година ќе започнат на почетокот на месец мај. Ќе се одвиваат во просториите на Здравствен дом - Уред. Во наредниот период треба да бидат опфатени околу 700 деца, кои од есен ќе започнат со образование. Во овој број освен децата од Велес и велешко, се и од соседните општини Градско и Чашка. Иако систематските прегледи не се започнати, родители започнале да доаѓаа во
„Како и претходните години секое дете ќе добие покана на домашна адреса за термин, во кој ден во колку часот ќе дојде на здравствен систематски преглед. Тие ќе започнат од вторник 2 мај“ - кажа д-р Лидија Проданова раководител на Одделението за училишна превентивна заштита.
Со систематскиот преглед секое дете се ревакцинира против ситна сипаница, заушки и рубеола (МРП). Неа децата ја имаат добиено на 12 месечна возраст, сега и втората доза, што е услов за упис во прво одделение.
Во стоматолошката амбуланта, која е сместена во Хигиенски, ќе се вршат прегледите за идните првачиња.
„Прегледите започнуваат од месец мај. Преку училишта оставивме телефонски број за договор со родителите, кога -кој ден и во колку часот да го донесат детето“ - кажа стоматологот д-р Анита Солева.
Систематските стоматолошки прегледи опфаќаат залевање на трајните катници т.н. шестки на идните првоодделенци. Се даваат совети за правилна хигиена на устата и забите, како и едукација за правилна исхрана и контролиран внес на шеќери, за да се спречи појавата на кариес кај младата популација.
Децата родени 2017-та кои од есен ќе започнат да одат на училиште ќе треба да бидат прегледан и од очен лекар.
„Потребно е родителите да закажат преглед за детето преку матичен доктор во „мој термин“. Прегледите се извршуваат во просторијата наменета за очен преглед на првачиња во Општа Болница Велес и веќе се во тек и термини има овој месец април и следниот месец мај““- кажа офталмологот д-р Тодор Јаковлев.
Според местото на раѓање во 2017 година биле родени околу 730 деца на територијата на општина Велес, Чашка и Градско и 30 се иселиле со нивните родители во странство, па актуелната бројка е 700.
Tweet |