Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 јануари 2016
Од неодамна здравствените работници во велешката болница добија униформи во различни бои. Ова за да се знае кој на каква позиција работи.
Досега често се случуваше за доктори да бидат прогласувани сите кои носеа бели мантили во оваа здравствена установа. Поради ова воведени се униформи и сите се со различна боја, според работното место.
Така докторите се во бели мантили, медицинските сестри во сини, болничарите во сиви а техничкиот персонал во боја на вишна. Униформите се распределени и вработените имаат обврска да ги носат.
Сега пациентите ќе можат полесно да ги препознаваат вработените, кој на која професија припаѓа, па се очекува дека нема да има повеќе грешки. За оваа новина од Болницата додаваат дека било набавено само платно а униформите биле шиени во нивната работилница.
Tweet |