речник контакт

Здравствено советувалиште за млади

Работи во Центарот за јавно здравје, читај Хигиенски. Советувањето е анонимно а можат да се добијат информации за репродуктивно здравје, за сексуално преносливи болести, прашања за животната средина, за СИДА

Петар Печков

Во Центарот за јавно здравје во Велес работи Здравствено советувалиште за млади. Тука можат да добијат одговор од стручно лице а во делот на здравјето. Не се вршат прегледи, туку се даваат информации  на заинтересираните млади. Пред се за репродуктивно здравје, за сексуално преносливи болести, прашања  за животната средина, за СИДА.

Ова советувалиште младите од градот можат да го посетат во текот на работното време од 8 до 14 часот и тука да добијат било каква информација, која им е потребна а се однесува на нивното здравје. Тука не се вршат прегледи, туку се даваат информации за  било што,  посетителот го интересира од сферата на здравјето или било каков здравствен проблем. Советувањето е анонимно, не треба да кажат ниту име и презиме, кои се од каде се. Нудиме и тестови дали    заинтересираните се заразени од ХИВ/СИДА. И тоа е анонимно и доброволно. Зошто младите да добиваат информации од било кој, кога тука можат да ги добијат вистинските, пред се за болестите кои се животно загрозувачки. Наместо да лутаат и прашуваат некого по улица , нека дојдат тука да се консултираат и ќе го добијат вистинскиот одговор. Нема потреба да живеат од страв   – изјави д-р Флорентина  Шурбевска Ристовска директор на Центарот за јавно здравје во Велес.

Советувалиштето работи со поддршка на Глобален фонд. Предавачите се обучени од страна на Светска здравствена организација.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »