Петар Печков
Објавено: среда, 13 јуни 2018
Здружението на пензионери од Велес одлучи да им помогне на семејството Усеинови. Тие живеат во лоша материјална состојба, во куќа која прокиснува, без врати и прозори. По актуелизирањето на овој случај, преку социјалните мрежи, помошта пристигнува. Раководството на велешките пензионери одлучило да издвои 200 евра за д се покрие домот.
Ова е наш мал скорен гест, но повеќе за да се актуализира проблемот и да се приклучат и други во помошта са ова семејство . Очекувам дека до есен ќе имаат дом кој ќе биде заштитен од временските не прилики. Ако има потреба за средства за лекување ќе донираме и за тоа - рече Веле Алексовски претседател на Здружението на пензионери од Велес.
Претходно на помошта се одѕвале и од ноќниот клуб ,,Хевн,, од каде на Усеинови им подариле нов фрижидер.
Tweet |