Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јули 2015
Зелениот телефон, на велешките екологисти поцрвене од јавувања за бројни проблеми, кои граѓаните ги чувствуваат или се сретнуваат секојдневно во животот или работната средина.
Проблемите кои тие ги соопштиле преку телефон или преку електронска пошта до Еколошкото друштва ,,Вила Зора,, од Велес, се со различен повод и причина а беа презентирани на работна средба на организаторите.
Така имало повеќе реакции од вработени, од фабрика која не беше именувана, туку прецизирана дека е во Централна Македонија, не е во Велес а каде бројни велешани се работно ангажирани.
Реагираа вработени од една фабрика, кои се жалеа на тахикардија, гушење, несвестици и лоша работна атмосфера. За ова побаравме надзор од Министерството за животна средина, за емисиите во и надвор од фабриката. Од таму информираа дека наскоро ќе направат увид за што ќе ја информираат јавноста - изјави д-р Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора.
За еден месец бројни граѓани се јавиле за регистрирање и решавање на одредени проблеми, со кои тие се судриле. Проблемите биле од најразлична природа.
Имавм,реакција за планираното сечење на зелениот појас околу Топилницата, заради изградба на мали и средни претпријатија. За ова реагиравме до надлежните министерства и локалната власт, бидејќи на овој простор не може да се гради, се додека не се деконтаминира почвата. Од Министерството за животна средина и од Министерството за транспорт и врски добивме одговор, од Општина Велес не. Други проблеми кои пријавуваа граѓаните беа одлагање на градежен шут на места каде не е дозволено, фрлање на смет на места и денови кога не е предвидено негово собирање, потоа за сечење на родови дрјва во населбата Отовица - рече Коциќ.
Зелен сервис за граѓаните е проект на коалиција од неколку граѓански здруженија, со цел како граѓаните да стигнат до вистинските еко информации, кои права ги имаат согласно Законот. Ова е сервис за пријавување на проблемите и нивно заедничко решавање. На проектот се приклучиле и здруженија од Кавадарци, Неготино и Градско а очекуваат и од Лозово и Чашка.
Tweet |