речник контакт

Земјоделец за пример, од оваа работа може добро да се живее

Драган Јовановски од велешкото село Раштани е пример за успешен земјоделец, кој со чесна и напорна работа стигнал до неговиот сегашен статус.

Петар Печков

Иако има триесетина години, работејќи неуморно сите 365 дена во годината, се занимава со сточарство и земјоделие, може да се пофали, а другите да му позавидат. Но тој не се фали многу со тоа што го има, скромно вели дека се што неговата фамилија стекнала, го добила со работа, работа и работа.

Без сопствен труд, без мака нема пари. Тие не доаѓаат од небо, треба да се спечалат. Работиме од изгрејсонце до неговото заоѓање, сите во фамилијата.  Иако има безработица луѓето не дошле да побараат работа. Тие што ќе им понудиме по два три дена си заминуваат, велат тешко е па мораме повеќето работи сами да ги работиме, со татко ми, со брат ми.– објаснува Драган.

Неговиот татко Трајче започнал со педесетина овци, денеска имаат 820 овци, но и друга стока, кози, говеда, свињи, 118 хектари обработлива земја и десетина хектари пасишта. Земјата им е земјена под концесија од државата, од некогашниот имот на велешки Лозар. За се ова да се обработува потребна е механизација, која гордо стои во семејниот двор на Јовановски. Најсовремени трактори, комбајни и помошни  приклучни средства, вредни повеќе десетици илјади евра. Наспроти нив се паркирани  два автомобили, даеву матис и лада џип. Додека други бегаат до земјоделието, семејната традиција кај Јовановски продолжува.

Не ми требат скапи коли, тие само трошат, не прават пари. Затоа ги вложив во современа механизација, а со двата автомобили можам да ги завршам домашните и семејни  обврски. Земјоделието е тешка работа, луѓето бегаат од него, но има добар и мирен живот. Се што ќе сработам е мое, кога работам,  работам, кога шетам, шетам – објаснува Драган. Одгледува пченица, јачмен, сончоглед, луцерка. Годинава иако имаше суша, стотина дена не заврна,имале добар род. Ги фатил и град, се заканил и пожар да ја зафати пченицата, но излегло добро. Целиот имот ми е осигурен,т ака што родот кој го столчи градот, ќе  биде обештетен.

Никогаш не би отишол да живеам во град. Велес е блиску на 10 минути.  Има добар живот од земјоделието. Државата помага со субвенциите, но сепак треба многу работа. Најмногу има кога се молзат овците, по три пати на ден, од четири наутро до 10 навечер, тоа е пет месеци во годината од април до јули, тогаш е најтешко – вели Јовановски. 

Неговата сопругата Пале помага околу документите и ги следи тендерите за давање под закуп на земја и пасишта. Имаат две деца синот Тале седум години, и ќерката  Валерија пет години, оставаат сами да си одлучат за нивниот животен пат, за нивната иднина, ако најдат подобро нека одат. Сите во поширокото семејство се вработени во нивната фирма и  заедно немаат ниту ден државна работа, велат гордо, се што спечаливме од нашите раце го создадовме.

Пласманот ми е обезбеден, пченицата и јачменот ги продадов во тетовско, млекото  го купува Битолска млекара, јагнето имаше одлична цена  го купија струмичани. Се што продадов ми е платено и тоа преку фактури, преку сметки, ништо  немаше на црно, на рака. Културите ми се осигурени  во осигурителна компанија – вели Драган. 

Дел од млекото завршува за домашни потреби, сирење, урда, кисело млеко, што е обврска на мајка му Грозда. Семејството Јовановски  од велешко Раштани не се фали многу, но не сака  ниту да зборува за инцидентот од 4 ноември 2008-та кога, додека орал на Драган бил испукана цела рамка куршуми од автоматска пупка. Среќна околност е што ниту еден не го погодил, а дупките од куршумите и денес се познаваат на тракторот. Инцидентот остана нерасветлен од полицијата, дали тоа  е од човековата завист за успешниот земјоделец, и  му пречеше толку многу на некого, што му испрати таква порака.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »