Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 јуни 2013
СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето Б.М. (65) од Велес, поради основи за сомнение дека сторил кривично дело „Фалсификување исправа“. Тој во 2008 година склучил договори со единаесет лица да му отстапат 25 хектари земјоделско земјиште, во кој подоцна ја преправил содржината и наместо закуп за една година внел период од пет години.
Со таквите договори конкурирал во Подрачната единица на Министерството за земјоделие во Велес за добивање на субвенции. Поднесените барања му биле доборени и за четири години од 2008 до 2011 година исплатени 453.810 денари, средства за која го оштетил републичкиот Буџет.
Tweet |