речник контакт

Земјоделци со дозвола за работа во полициски час, ловат риба со мрежи на река Црна

Измината седмица пронајдени се девет мрежи со кои се ловела риба на Црна, Тополка и Бабуна

Петар Печков

3емјоделци покрај  река Црна,  кои со дозвола за работа во полициски час работат земјоделски работи, незаконски ловеле риба, информираа од велешкото Здружение на спортски риболовци „Бабуна“.  Ова друштво е концесионер на рибниот фонд  на реките во велешко, Вардар, Бабуна, Тополка и долниот тек на Црна и Брегалница, се до вливот во река Вардар, како и на езеро Младост. 

Од ЗСР „ Бабуна“ деновиве констатирале повеќе такви случаи на реките во велешко, во период на забрана на риболов  на течните води, во периодот  до 15-ти април до 15-ти мај.

На река Црна има  случаи на лица  земјоделци, кои се движат во период на полициски час,  ја злоупотребуваат таа дозвола и ги поставуваат мрежи  и ловат риби. Имаме неколку случаи кои се констатирани на лице место, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави - изјави Лазар  Лазаревски, секретар на ЗСР „Бабуна„.  

Оваа седмица рибокрадците работеле засилено, па  биле  пронајдени шест мрежи поставени на река Црна, во долен тек, две мрежи на река Топока и една мрежа на река Бабуна. Сите риби кои биле во мрежите биле  вратени назад во водите, што е документирано од страна на здружението. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »