речник контакт

Земјоделците уплашени, плаќањето на откупот ќе оди преку трансакциона сметка

Стравуваат да не ја доживеат судбината на лозарите, купувачите да го земаат родот а да не го платат со години

Петар Печков

Од минатата година воведен, од оваа ќе се применува новината земјоделците  и прекупците  трансакциите  на парите да ги вршат легално, преку трансакциона сметка така државата ќе застане на пат на големите суми кои беа во оптек, без  финансиска контрола. За платеното прекупците не плаќаа ништо кон државата, така дел од платниот промет беше надвор од контролата на банките, беше на црно.

Од годинава парите за откупениот род земјоделците ќе можат да ги добијат само на трансакциска сметка. Рокот за исплата е еден месец, а во договор со трговецот средствата ќе можат да ги добијат и по пет месеци. Најголем дел од нив со страв гледаат на новината што ја донесе новиот Закон за земјоделството и руралниот развој поради гарантирањето на исплатата. Стравуваат да не им се случи истото што и лозарите, родот купен а тие без пари.

Сега нас ни налагаат да се плаќа преку транскциона сметка. Тоа е добро, оти ги задолжува и купувачите, популарните досегашни прекупци и тие да се регистрираат, оти ние се водиме како регистрирани земјоделци, имаме сметка.  Се бара плаќањето да биде легално и нека биде така, тоа е таман. Ќе има поголем ред и  меѓу нас земјоделците, тие што не се регистрирани производители ќе се регистрираат. Но мораме гласно да кажеме дека не се согласуваме со наплатата, што државата дозволува рокот на плаќање да биде 180 дена, тоа се шест месеци, тоа  е долг период – вели Никола Димитров земјоделец од Градско.

Оваа новина преку средби, собири им била најавена и промовирана. Но откако ги дознале сите информации за текот на постапката се јавиле првите нејаснотии и проблемите за земјоделците, кои не им даваат мирен сон. Стравот дека ќе бидат манипулирани од купувачите.

Кој е тој ако му се два рок од шест месеци, дека ќе плати уште денес или утре. Сите ќе чекаат крајниот рок. А како јас до тогаш да преживеам, да купам репроматеријал за новата реколта, дома да го хранам и одгледувам семејството, да ги плаќам давачите за струја, вода, нафта, ѓубре, да одам во продавница да купам јадење. Никој од нив не ми два рок од 180 дена да платам, сите бараат веднаш. А полошата варијанта, од кој најмногу не страв е да не ни плата воопшто. Тогаш ќе треба да одиме по суд, да плаќам адвокати, сега тие бараат маркички. Зошто, за да си ги добијам моите пари. А знаеме многу случаи, дека земјоделците добиле, но сметката била празна и останале со празни раце. Ако треба да се зема од нас, извршител за 24 часа ќе ни ги земе парите,а ма ние кога треба да земаме, тогаш ништо не помага, пари на сметките секогаш нема – вели Ѓорги Николов од велешко Башино Село.

Потсетуваат на бројните случаи со лозарите, кои чекаат  со години да биде платено грозјето, кое тие уредно го предале и на познати реномирани фирми, а пари не добиле. Затоа прашуваат дели сега тие е на ред, да ја делат истата судбина. Затоа барат да се воведе обврска, купувачите да оставаат банкарска гаранција,за земјоделците бидат обезбедени и си го наплатат откупениот род а и рокот на исплата да се намали на еден месец, не како што е сега до шест месеци. Во Министерството за земјоделство велат дека согласно Законот за земјоделството, рокот на плаќање за откупот на земјоделските производи е еден месец, но по договор меѓу двете страни тој рок може да биде и подолг, но не повеќе од шест месеци.

Оваа законска одредба подразбира задолжителен договор со обврски за доставување на производите, откупот и условите на плаќање, согласно одредбите пропишани во законот. Со регулирање на областа на откупот и поттикнување на договорното производство, државата има поставено сериозни правни основи во поддршка на постигнување посигурен облигаторен однос помеѓу земјоделецот и откупувачот во насока на поголема заштита на правата на примарните производители, кои често беа предмет на злоупотреба - велат во Министерството.

Оттаму објаснуваат дека вака многу ќе се подобри сигурноста на откупот, додека сите останати аспекти од почитување на тоа што е договорено останува да бидат регулирани преку постојната регулатива во државата, која ги уредува облигационите односи помеѓу деловните субјекти.

Познавачите на финансиското работење, објаснуваат дека постои можност земјоделците да се осигурат во овие случаи, при откупот на родот. Потребно било со купувачот, да склучат нотарски договор, со кој тоа лице ќе остави банкарска гаранција за вредноста  која ќе ја откупи или пак договор со клаузула, со кој што доколку плаќањето не се реализира во рокот, преку извршител се одзема од сметката на купувачот. Овие договори би чинеле во зависност од вредноста на договорот од две до осум илјади денари, кои би требало да паднат на трошок на купувачот.

Доколку во одреден период долгот не се плати, земјоделецот ја приложува во Банката и таа му  ги исплатува парите веднаш. Затоа треба да остави во банката купувачот хипотека, во вредност повисока од потпишаната гаранција. Има вакви примери во финансиското работење, само треба да им се објасни на луѓето – велат банкарите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »