Петар Печков
Објавено: сабота, 24 септември 2011
Во 10,36 жителите на Велес почувствуваа земјотрес, кој ги изнесе од нивните домови. Тој внесе страв кој неговите жители, па тие половина час беа на отворено.
Имаше силна бучава, како громови да удираат, снажно. Беше од подземја, не не нишаше лево десно туку дојде одоздола, не помести од столчињата. Се уплашивме и со децата истрчавме пред зграда. Сите соседи бевме тука. Траеше помалку од секунда, но беше како вечност – вели жител на Велес.
Според Центарот за известување, земјотресот имал епицентар во Башино село. БНил на длабочина од 10 км. Засега нема информации дека има штети или повредени, но возбуденоста и стравот е видлив кај велешани.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје информираше дека земјотресот бил почувствувал во Велес и околината со интензитет од 4-5 степени, како и во Скопје со интензитет од 3 - 4 степени, односно во Куманово со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала – 1998.
Tweet |