Петар Печков
Објавено: среда, 24 мај 2023
Показна вежба денес беше организирана од страна на Дирекцијата за заштита и спасување од Велес, на која учествуваа и нивните колеги од Гевгелија. Таа се одвиваше на Мало мовче и опфати повеќе активности.
„Согласно планот на работа на Дирекцијата за заштита и спасување имаме планирани 8 вежби, во исто толку региони. Четвртата по ред се одржа во Велес, во Вардарски регион. Вежбата беше последиците и спасување после земјотрес. Имаше неколку вежби, спасување на повреден од мостот, спасување на повреден преку река, гасење на опожарено возило’ - кажа Димче Митевски од Дирекцијата за заштита и спасување. Тој ја оцени показната вежба како одлично подготвена и изведена.
На неа учествуваа и членови на Здружението за безбедност и спасување на вода, Општинскиот Црвен Крст, Итната помош од Гевгелија, пожарникари од ТППЕ Велес, СВР Велес.
„За оваа вежба и активност се подготвувавме два месеци, секој викенд, напорно вежбавме. Се надевам на присутните им оставивме впечаток дека се добро подготвени, како да одговориме во случај на несреќа“ - кажа Ангел Пановски од Здружението за безбедност и спасување на вода.
Ова Здружение е дел од националниот дим за спасување при Дирекцијата за заштита и спасување, во случај на поплави. Најчесто се барани заради исчезнати лица и давеници, за претрага по нив по реката Вардар.
Tweet |