Петар Печков
Објавено: недела, 03 ноември 2024
На територијата на Македонија деоцна попладнево се почувствувани два од регистрираните серија земјотреси со епицентри во Грција. Информацијата е од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, и во Велес и Скопје со интензитет од III степени според истата скала, а земјотресот од 18 часот и 6 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 е почувствуван од населението на Гевгелија, Струмица, Битола и Кавадарци со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“ – соопштија од Сеизмолошката опсеваторија.
Според светските опсерватории, земјотесот во Грција бил со епицентар од 64км. југоисточно до Солун и 13 км јужно од Неа Мудања на длабочина од 10км.
Tweet |