Петар Печков
Објавено: недела, 11 септември 2016
Околу 15,10 часот силен земјотрес го стресе Стајковци, близу Скопје. Според медитеранската сеизмолошка станица земјотресот бил со магнитуда од 5,2 додека според американскиот 5,1. Се случил во 15:10:07 ч.
Земјотресот ги изнесе дел од велешани од домовите, од високо катниците, во дворовите , пред зградите. Повеќето уплашени од последиците кои може да ги предизвика земјотресот. До 17ч. во Центарот за управување со кризи пријавен еден случај на оштетување, во Башино село.
Во брзата помош петмина граѓани, исто така до 17ч. побарале помош поради силна вознемиреност. Земјотресот беше почувствуван со бучава и силно нишање.
Еве ја информација на медитеранската сеизмолошка станица
Magnitude mb 5.2
Region FYR OF MACEDONIA
Date time 2016-09-11 13:10:07.2 UTC
Location 41.98 N ; 21.50 E
Depth 4 km
Distances 6 km E of Skopje, Macedonia, / pop: 475,000 / local time: 15:10:07.2 2016-09-11
7 km NE of Сопиште, Macedonia, / pop: 9,500 / local time: 15:10:07.2 2016-09-11
4 km NE of Usje, Macedonia, / pop: 1,100 / local time: 15:10:07.2 2016-09-11
Tweet |