Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 јануари 2019
Во петокот напладне во Центарот за социјални грижи во Велес, дошло до тепачка. Учествувале дедо и зет, причина било детето, за кое дошле во Центарот на видување.
На 25.01.2019 година во 12.05 часот во ходник во Центарот за социјални работи Велес е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Ј.Т.(55) и неговиот зет М.Ќ.(36) - информираа од МВР.
По целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Tweet |