Петар Печков
Објавено: вторник, 23 јули 2013
Нарушените меѓу семејни односи меѓу дедо и зет кулминирале ноќеска кога дошло до меѓусебна расправија по што постариот завршил во Болница прободен со нож. Според МВР инцидентот се случил во два часот по полноќ во населбата Отовица, кога И.П. ( 40 год) со прободел со нож С.П. ( 63 год) и двајцата од Велес.
Тие биле во викендичката во Отовица кога дошло до расправија а зетот го нападнал дедото и го прободел со нож во пределот на стомакот. С.П. итно бил пренесен во велешката Болница каде е згрижен и според докторите е надвор од животна опасност а раната бил периферна и не повредила витален орган. Полицијата трага по зетот И.П. кој е во бегство.
Tweet |