речник контакт

Зимската пауза на сцената на велешки театар завршува кон крајот на јануари

Од велешки театар најавуваат почеток на подготовки на две претстави

Петар Печков

Сцената на велешки театар овој месец јануари ќе биде без претстава на матичниот театар. Првата претстава ќе биде на 25 јануари премиера на театарот „Вортекс“ претставата „Кучешко срце“ која се игра на мала сцена со две претстави за два дена.  Претставата е според  текст на Михаил Булгаков, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Потоа на 27 е гостувањето на Кумановскиот театар со претстава „Соѕвездија“во режија на Нела Витошевиќ, по текст на Ник Пејн.

За крајот на месецов е гостувањето на Сашо Коцев со неговиот стенд ап  „Широк Дијапазон“. 

Од велешки театар најавуваат дека деновиве ќе започнат со подготовка на две премиери, работени од сопствени средства. Тоа се комедиите „Чуден пар“, според Нил Сајмон, во режија и адаптација на Ненад Витанов и „Паника“ според Мика Милиахо, во режија и адаптација на Александар Ивановски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »