Петар Печков
Објавено: недела, 20 јануари 2019
Владата, денес недела попладне, одлучи да го продолжи зимскиот распуст за учениците. Наместо утре, тие настава ќе започнат да посетуваат од среда. Причина се зголемените концентрации на загадувачи честички во воздухот. продолжениот зимски распуст се однесува за учениците од основните и средни училишта, државни и приватни.
Владата во функција на заштита на здравјето на децата и во функција на скратување на времето на изложеност на загадениот надворешен воздух, донесе итна мерка за продолжување на траењето на зимскиот распуст. Зимскиот распуст за сите ученици ќе трае два дена, заклучно со вторник, 22 јануари и настава ќе одат од среда, доколку не се подобрат аеро-условите - рече заменикот министер за образование петар Атанасов.
Оваа одлука била донесена по барање на Министерствата за животна средина, за здравство и за образование. Продолжениот зимски распуст се однесува само за учениците, не и за наставниот кадар.
Во овој период Владата, пред сé Министерствтото за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство ќе ја следат состојбата врз основа на која состојба, а во координација со Министерството за образование и наука ќе одлучат околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст, соопшти Владата.
Tweet |