Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 декември 2014
Училиштата во државата оваа година го почнуваат зимскиот распуст ден порано, на 31 декември, односно в среда не се оди во школо. Распустот завршува на 16-ти јануари, но бидејќи првиот работен ден 19-ти е Водици и е неработен, учениците на училиште ќе се јават на 20-ти. Министерот за образование Абдилаќим Адеми вели дека распустот почнува порано, зашто така е направен планот со работни денови за школите.
"Секоја година треба да има 180 работни денови. Според календарот за работа што е усвоен и доставен до училиштата на почетокот на учебната година, на 31 декември почнува распустот. На 20 јануари завршува, односно учениците тогаш се во школо", вели Адеми.
Tweet |