Петар Печков
Објавено: вторник, 26 октомври 2010
Света Злата е родум од село Слатино, Мегленско во Егејска Македонија, од сиромашни родители. Еднаш, кога беше излегла по вода, ја пресретнаа некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа.
Еден од нив и понуди да се потурчи и да му стане жена, но света Злата му одговори: јас во Христос верувам и тој ми е младоженец, од него нема никогаш да се откажам. Тогаш дојдоа и нејзините родители и сестри и ја убедуваа да се откаже од Христос и да ја прифати понудата на Турчинот, но таа и тогаш не се согласи.
Тогаш Турците ја ставија в затвор и во тек на три месеци секојдневно ја камшикуваа. Најпосле ја обесија на дрво, а нејзиното тело го исекоа на парчиња. Света Злата Мегленска пострада во 1796 година.
Tweet |